Принцот Чарлс ги повика корпорациите да помогнат во спасувањето на Земјата


Англија – Британскиот принц Чарлс денеска ги повика големите корпорации да помогнат да се спаси планетата со уфрлување „билиони фунти“ во проекти што ја штитат животната средина и ја промовираат одржливата економија.

Принцот Чарлс инсистираше на тоа да бидат одржливи, но профитабилни инвестиции, како што рече, клучни во борбата против климатските промени и заштитата на биодиверзитетот.

За време на посетата на Токио поради устоличувањето на царот Нарухито, британскиот престолонаследник предупреди дека борбата сега е „покритична од кога и да е“.

За лондонски „Ивнинг стандард“ рече дека глобалните пазари на капитал мора да играат клучна улога за да се спречи штетата што им се предизвикува на океаните, атмосферата и планетата земја.

Тој повика на зголемување на притисокот врз финансиските институции да ги намалат инвестициите во секторите на нафта и гас.