Принцезата од Монако со нов панк изглед: Шарлин делумно ја избричи косата


Монако- Сопругата на принцот Алберт делеше подароци за Божиќ  на децата од Монако и ја покажа својата драматична нова фризура „половина јастреб“ наместо нејзината вообичаена руса боб фризура. На 42-годишната принцеза ѝ беше избричена главата од едната страна и на задниот дел од вратот.

Принцезата Шарлин, која ја претставуваше својата матична земја Јужна Африка на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, првенствено носи кратка фризура откако се повлече од пливање во 2007 година.

Неодамна со сопругот, принцот Алберт Втори ги прославија родендените на близнаците Жак и Габриела кои наполнија 6 години. Принцот Алберт се уште ги чувствува последиците од коронавирус откако се зарази во март.