Принцеза во исти чевли: Кој бренд и е омилен на Кејт за забава на отворено?


Англија– Кејт, војвотката од Кембриџ, освен децата и семејството, има уште едно омилено хоби: чевлите. На забавата на отворево во Бакимгенската палата се појави во розов капут-фустан на Александар Ванг кој го искомбинира со омилените крем чевли од превртена кожа на Џанвито Роси (модел 105) од 700 долари.

И во 2016 и во 2017 медиумите забележале дека принцезата Кејт  истите салонки ги носи на истиот настан, освен лани кога се породи со синот Луис.

Како моден познавач, Кејт знае дека секоја жена во својот гардеробер мора да ги има, како и еден пар црни салонки.