Примил бегалка од Украина, па ги оставил жената и децата поради неа


Украинката Софија Каркадим

 

Татко на две деца од Велика Британија ја напуштил својата партнерка откако се заљубил во 22-годишна украинска бегалка на која ѝ понудил привремено сместување откако таа ја напушти нејзината земја разурната од војна.

Тони Гарнет (29) и неговата партнерка Лорна (28) ја примија Софија Каркадим во нивниот дом на почетокот на мај, но само 10 дена подоцна, нивниот навидум среќен брак пропадна кога Тони побегна со бегалката.

Гарнет, кој по професија е обезбедувач, признал дека се заљубил во 22-годишната девојка и дека сака да го помине остатокот од животот со неа. Софија, која побегна од Лавов, рекла дека ѝ се допаднал Тони штом го видела и дека сега ја живеат својата љубовна приказна.

Тони е свесен дека со оваа постапка ѝ нанел голема болка на сопругата Лорна, но тврди дека „открил врска со Софија каква што никогаш досега немал“, додавајќи дека „знаат дека е во ред“.

Софија, по професија ИТ менаџер, полета за Манчестер на 4 мај, откако неколку недели чекаше во Берлин за виза за Обединетото Кралство. Тони откри дека тој и Украинката многу брзо се поврзале, а Софија им се допаднала и на неговите ќерки кои имаат три и шест години. Но, на неговата партнерка, со која беше во врска 10 години, Софија не ѝ се допадна. Сега е јасно зошто.

Досегашната и сегашната партнерка на Тони Гарнет