Примал државна помош затоа што е слеп – потоа го фатиле како вози


 

Италијанец со години примал државна помош затоа што е слеп, а бил уапсен затоа што бил фатен како вози.

Сведоци го виделе како разгледува излози и вози скутер, објавија италијанските медиуми.

Според италијанските медиуми, маж од Палермо примил најмалку 170.000 евра од 2008 година, откако тврдел дека е потполно слеп поради последици од наследно нарушување.

Но, италијанската полиција добилапредупредување дека мажот во 2018 година ја обновил возачката дозвола покрај изјавата дека е слеп.

Властите во текот на набљудувањето утвридке дека осомничениот вози и во исто време бирал број на телефонот, разгледувал излози додека шетал низ трговски центар и ја учел ќерката да вози велосипед.

Како што се наведува, 40-годишникот исто така е виден како се вози со скутер без обезбедување, јави „Палермо тудеј“, додавајќи дека мажот го добил прекарот Берлускони, по некогашниот премиер на Италија Силвио Берлускони чија кариера ја следеа бројни скандали.