Прилепското обвинителство отвори предмет за болницата по смртта на тројца пациенти
-Отворивме предмет по допрен глас за утврдување евентуална кривична одговорност на вработени во Болницата. Едниот лучај е за 52-годишна пациентка која се лекувала на гинекологија и која со компликации и симптоми на сепса била пренесена на скопските клиники каде починала. Се бара целосна документација за двајца пациенти, на 30 годишна возраст кои прво се лекувале во Болницата; еден на одделот за неврологија каде се лекувал 10-тина дена па бил префрлен на скопските клиники и починал и друго непознато лице, исто на 30 години кое прво се лекувало во прилепската болница па по компликации починало.Побаравме целосна документација за случаите вод прилепската болница и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Пуштено е и барање и до полицијата да преземе дејства за евентуална кривична одговорност на лица вработени во болницата, ни изјави обвинителката Илиеска.
Комисијата за интрахоспитални инфекции во прилепската болница денеска соопшти дека е пронајдена бактеријата стафилококус епидермидис кај пациентката која почина минатата недела на скопските клиники. Од министерството за здравство ги пренесуваат информациите од државниот здравствен и санитарен иснпекторат и велат – пријаверна е интрахоспитална инфекција. Инспекторатот во петокот на 17 февруари извршил вонреден инспекциски надзор по информациите од Центарот за јавно здравје од Прилеп.
Инаку, сè уште не се знаат причините за смртта на прилепската пациентка и се чекаат наодите од обдукцијата.