Прилепчанецот кој исчезна пред два дена пронајден мртов


Александар Јошески од Прилеп на кого му беше изгубена трагата завчера попладне,  за жал, синоќа беше пронајден починат.

На Фејсбук се огласи и неговата ќерка, која го објави и апелот за пронаоѓање на овој човек, но потрагата заврши кобно.

-Го пронајдовме. Ви благодарам на сите за помошта. Бог да го прости, не е повеќе меѓу нас, напиша Ана Марија Јошеска.