Прилепчанец со нож ја нападнал сопругата


 

Еден прилепчанец со нож ја нападнал сопругата, при што ѝ нанесол тешки повреди, соопшти МВР.

Во понеделникот, во 7.15 часот во Полициска станица Прилеп, К.С.(58) од Прилеп пријавила дека во нејзиниот дом во Прилеп била физички нападната со нож од нејзиниот сопруг З.С.(57) кој имал здравствени проблеми при што и биле нанесени тешки телесни повреди, констатирани од доктор во Општата болница Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.