ПриКазна, нова песна на Васил Гарванлиев


Васил Гарванлиев денес на неговиот официјален јутуб канал ја објави неговата најнова песна и видеозапис за „ПриКазна“. Ова е негов втор проект оваа година по промоцијата на евровизиската песна YOU, со која Васил требаше да настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам.

Верен на својот стил, естетика и скриени пораки, овојпат Васил можеме да го видиме со уште поуникатен уметнички израз низ кој ја раскажува неговата приказна преку “борбата„ во/со себе, а воедно и со се што во моментотов ни се случува  – прашање со кое токму и започнува самата песна.

Автор на музиката е самиот пејач, текстот е на Тања Брковска, додека аранжманот е на неговиот долгогодишен соработник и композитор Давор Јордановски. За видеозаписот се погрижија Digital Box продукција од Охрид во соработка со Ристе Филипов и креативниот директор Јелмаз Дервиши.  Приказна е дел од новиот албум на Васил кој е во завршна подготовка и се очекува да биде објавен оваа есен.