Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 април


Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 април 2026 година.

Правото на субвенциониран студентски оброк можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

Како да аплицирате?

Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација, електронски преку следниов портал

Дополнителни информации:

· Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на посочениот линк.

· За поддршка при аплицирањето, контактирајте преку е-пошта: [email protected] .

· Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат.

· Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови.