Пријави загадување во два чекора на платформа


Граѓаните можат да пријават загадување до Државен инспекторат за животна средина преку нивните социјални мрежи и е-адреси или на веб-страницата на Инспекторатот, што значително го олеснува процесот на брзо добивање и евидентирање пријави и навремено реагирање од страна на инспекторите.

Државниот инспекторат за животна средина денеска ја презентираше онлајн платформата која овозможува пријавите кои ќе пристигнуваат од граѓаните по различни електронски канали (Фејсбук, е-адреси, веб-страници) да стигнуваат на едно место, да бидат поефикасно распределени до надлежните инспектори, полесно да се следат случаите на загадување и подобро да се координираат инспекторите при извршување на задачите, како и да им одговорат на граѓаните кои поднеле пријава дали и како постапиле по пријавите.

Пријавувањето е едноставно со испраќање порака преку Фејсбук страницата на Државниот инспекторат за животна средина, е-адресата [email protected], веб-страницата www.sei.gov.mk и преку полето Пријави на е-Мапата на загадувачи www.mapanazagaduvaci.mk. Во пријавата граѓаните треба накратко да го опишат проблемот кој го пријавуваат, да ја наведат локацијата каде забележале загадување, доколку можат да испратат слика или видео и да остават нивни податоци (име и презиме, телефонски број или е-адреса) за да можат инспекторите да ги исконтактираат.

https://youtu.be/e8x_GzVdjD4

Платформата за пријавување за загадување треба да ја подобри соработка на Државниот инспекторат за животна средина со граѓаните, да овозможи подобра координација при инспекцискиот надзор на државно и локално ниво и да обезбеди поголем увид во работењето на инспекторите на терен.

Платформата е изработена во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“, која е финансирана од Британската амбасада во Скопје. 

Видео анимациите за тоа како функционира платформата може да се преземат на ОВОЈ ЛИНК.