Пријателство што трае – Ципрас на гости кај Заев во Струмица
По склучувањето на Преспанскиот договор и Ципрас и Заев ја загубија работата како премиери. Прво Ципрас во 2019 и потоа Заев во 2021
Двајцата премиери кои беа архитекти на Преспанскиот договор и воспоставувањето на новите односи меѓу Македонија и Грција – Зоран Заев и Алексис Ципрас – денеска ќе се дружат во Струмица.
Заев, кој често изјавуваше дека со Ципрас изградиле извонредни пријателски односи, го поканил поранешниот лидер на Сириза да му дојде на гости во Струмица во приватна посета, објави МИА од Атина.
Договорот од Нивице, посредуван од ОН, беше поздравен насекаде во светот и им донесе голем респект на Ципрас и Заев во меѓународната заедница. Но отпорот на националистичките кругови во Грција и Македонија за најдениот компромис беше огромен. Прво Ципрас и Цириза ги загубија изборите во 2019, а потоа Заев и СДСМ доживеаја значителен пораз на локалните избори во 2021.
И Ципрас и Заев веќе не се на чело на нивните партии, дел и поради тоа што го склучија Преспанскиот договор.