Пријателска земја ѝ `удри шлаканица` на Русија


Оваа недела во Киргистан ќе биде прекината циркулацијата на руските платежни картички „мир“, објави локалниот платежен оператор од оваа азиска земја.

Киргистанскиот Елкарт го наведува ризикот од секундарни санкции поврзани со сопствената платежна инфраструктура како причина за прекин на сервисирањето на трансакциите со руска картичка, објави Ројтерс.

Рускиот национален платен систем со картички (NSPK) соопшти дека добил предупредување од киргистанскиот оператор дека „мир“ ќе престане со работа на 3 април.

Овој потег уследи по слична забрана во Ерменија, која исто така престана да сервисира руски картички на 30 март.

Тој, исто така, го истакнува проблемот во кој се наоѓа Русија кога станува збор за олеснување на плаќањата за нејзините граѓани во странство, дури и во земји кои не воведоа санкции против Москва, според Ројтерс.

Агенцијата забележува дека платежната картичка „мир“, која е руска алтернатива на „Visa“ и „Mastercard“, стана поважна откако тие американски компании ги прекинаа операциите во Русија поради конфликтот во Украина.

Москва се обидува да ги одржи односите со „пријателските земји“, но само неколку од нив го прифатиле „мир“, пишува Ројтерс.