Пријателката на Путин пред Елисејската палата – САД преплашени за коалицијата против Русија

Пред само две недели Лепен за француската телевизија изјави дека Путин „би можел повторно да стане сојузник на Франција“ - кога ќе заврши војната


 

Белата куќа почна да стравува дека Владимир Путин наскоро би можел да ја забележи најголемата победа по руската инвазија на Украина – во Париз. Во администрацијата на претседателот Џо Бајден расте загриженоста околу анкетите за француските претседателски избори кои покажуваат тесна трка меѓу актуелниот претседател Емануел Макрон и екстремно десничарската противкандидатка Марин Лепен.

Евентуална победа на Лепен, симпатизер на Путин, би можела да ја дестабилизира западната коалиција против Москва, да ја наруши улогата на Франција како водечка европска сила и потенцијално да ги олади желбите на други лидери на НАТО да останат во алијансата, велат тројца високи претставници на администрацијата.

Високи американски функционери претпазливо набљудуваат преку Атлантикот дали има  какви било знаци за можно руско мешање во првиот круг од изборите, што ќе се одржи в недела. Анкетите сугерираат дека Макрон и Лепен, најверојатно, ќе имаат финална пресметка во вториот круг на 24 април – и дека потенцијалната трка ќе биде тесна.

Шансите на Лепен, во нејзиниот трет обид за претседателствување, се зголемија во текот на изминатите неколку недели, бидејќи ублажи дел од нејзината озлогласена запалива реторика за да се фокусира на прашањата за трошоците за живот. Милиони во Франција се борат да врзат крај со крај по растот на цените на бензинот од 35 отсто во изминатата година. 

Нејзиното резиме длабоко ја загрижува Белата куќа. Иако Лепен се смета себеси за бенигна популистка, нејзината кампања за имиграцијата и исламот сè уште се радикални, како плановите да се забранат бурките на сите јавни места и да се спречат странците да ги уживаат истите права како француските граѓани. Нејзиното презиме, во одредени кругови, е синоним за расизам и ксенофобија – таа сега е лидер на екстремно десничарската, антиимиграциска партија што ја основаше нејзиниот татко. Таа исто така е нескротлив обожувач на Путин, кого го запозна во Москва во 2017 година. Иако донекаде се дистанциршеа од рускиот претседател по инвазијата на Украина, таа со симпатии зборуваше за образложението на Путин за војната и отфрли некои од острите западни мерки против Русија.

„Дали сакаме да умреме? Економски би умреле!“- изјави таа во неодамнешната телевизиска дебата, на прашањето дали Франција треба да го прекине увозот на нафта и гас од Русија. „Мораме да мислиме на нашите луѓе“, објасни Лепен.

Победата на Ле Пен, некогаш незамислива, би претставувала за Европската унија најголемата криза од „Брегзит“, потенцијално предизвикувајќи  целосен пресврт на континентот. На краток рок тоа длабоко ќе ја потресе проукраинската коалиција која се протега од Варшава до Вашингтон.

Најлошото сценарио, според официјални претставници на Белата куќа, би било Лепен да победи и потоа да ја повлече Франција од коалицијата која моментално стои зад Киев против Москва. Владата на Макрон веќе повлече тенка линија спрема Москва, иако францускиот претседател се обиде да ја игра улогата на посредник во деновите пред инвазијата на Путин. Оттогаш, Франција ги поддржува Украинците со оружје и помош, но молчи за тоа, одбивајќи да објави детали што и колку испраќаат.

Вашингтон стравува дека Лепен во Елисејската палата ќе ја наруши оваа деликатна рамнотежа. Нејзината победа потоа може да ги поттикне другите европски лидери – од кои некои веќе беа нервозни поради тоа што ќе станат строги кон Русија – да ја потопат и Алијансата.

Некои соработници на Бајден веруваат дека дури и ако Макрон се справи со тесен реизбор, тоа сепак може да има застрашувачки ефект врз европските лидери кои може да се грижат за сопствената евентуална политичка иднина против популистите помалку токсични од Лепен. Тој страв може да се влоши ако војната меѓу Русија и Украина стане продолжен конфликт што трае со месеци и месеци, што ќе резултира со повисоки цени на енергијата низ Европа, континент кој зависи од Москва за енергија.

„Нејзиниот избор би бил катастрофа за Европа и трансатлантскиот фронт кои даваат поддршка на Украина“, рече Бенџамин Хадад, виш директор на Европскиот центар при Атлантскиот совет. „Таа е против санкциите и испораката на оружје, отсекогаш била усогласена со точките на разговор во Кремљ за Украина или НАТО. Нејзината платформа вклучува напуштање на воената команда на НАТО и низа анти-ЕУ блокирачки мерки кои де факто би значеле ‘Фрегзит’ по патот, иако таа го симна ‘Фрегзити’ од својата програма овој пат, за да не ги исплаши гласачите“.

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел некогаш се сметаше за европски емисар кај Путин, „мантија“ што сега му припадна на Макрон по нејзиното заминување. Во предвечерието на војната, Макрон седна на познатата долга маса на Путин во обид да спречи инвазија. Оттогаш двајцата лидери разговараа неколку пати по телефон. Макрон беше критикуван за ангажирањето со Путин, особено од претседателот и премиерот на Полска.

Назад во Франција, порасна одредено незадоволство  што Макрон – кој ја порази Лепен во 2017 година – е многу повеќе фокусиран на меѓународната дипломатија отколку на домашните грижи и прашањата во земјата која е уморна по две години борба со пандемија. Макрон се расправаше со таканаречените „жолти елеци“, кои на почетокот беа поттикнати од данокот на гас, а потоа стана пошироко движење во 2018-19 година. Тој, исто така, никогаш не успеа да ја отфрли стигмата дека е лидер „на Париз“, не на Франција – кој не успеа да се соживее со секојдневните проблеми. Тоа што тој доцна влезе во претседателската кампања, уверен дека дејствувањето како меѓународен државник ќе гарантира втор мандат, е потврда за таа насоченост кон надвор за некои гласачи.

Победата на Лепен, сметаат повеќето аналитичари, сепак е малку веројатна. Во трката пред пет години анкетите исто така беа тесни извесно време пред трката да се претвори во значителна победа на Макрон. И, кога полето ќе се намали на само два кандидати, таа едноставно може да стане непријатна за многу гласачи.

Но, ако Макрон овој пат биде поразен од Лепен, тоа може да направи огромна пукнатина во трансатлантскиот ѕид изграден од Бајден и неговите европски колеги. По четири бурни години на Доналд Трамп, кој  ги затегнаа традиционалните сојузи, Бајден ја направи централна мисијата да ја увери Европа дека може повторно да смета на САД. Тој направи три патувања во Европа за време на неговото претседателствување досега – вклучително и минатиот месец во Брисел и Полска – за да ги потврди тие врски и повторно се обврза дека САД на НАТО се бедем за  агресијата на Москва. Се чини исто така дека сега договорот со кој Вашингтон ѝ ја одзеде на Франција профитабилнатат зделка со подморници во Австралија е зад Бајден и Макрон.

Вашингтон ги следеше изборите и споделуваше информации за можно мешање од страна на  Русија, преку ботови и лажни профили, иако повеќето сајбер напори на Москва во моментов се фокусирани на споделување пропаганда за поддршка на воените напори во Украина. Лепен овој пат неуморно се фокусираше на економските прашања, ветувајќи дека ќе ги намали цените на гасот и струјата и ќе го оданочува ангажирањето странски вработени за да ги фаворизира француските  државјани. Но, иако таа ја ублажи својата реторика и имаше корист од учеството во трката на кандидат што е уште поекстремен десничар, таа малку ја промени својата платформа, вклучувајќи мерки како што отстранување на привилегиите за имигрантите, отфрлање на приматот на правото на ЕУ и затворање на вратата на повеќето баратели на азил.

„Лепен претставува историска закана за една од најважните демократии во Европа“, смета Лорен Сперанза, директорка на програмата за Трансатлантска одбрана и безбедност во Центарот за анализа на европската политика. „Таа го фали Путин, кој е воен злосторник и зависи од руските пари“, додаде таа. „Доколку Лепен ја води Франција, ќе биде неверојатно тешко да се одржи релативното единство што трансатлантската заедница го покажа досега во војната во Украина“, продолжи Сперанза. „Нејзиниот избор директно ќе помогне за целта на Путин да ги влоши пукнатините во НАТО алијансата“.

И таа не може да ги избегне претходните пофалби за Путин. Макрон постојано ја притиска на таа линија, велејќи им на новинарите оваа недела дека тој не е кандидатот кој во трката покажа „задоволство кон Владимир Путин“.

Во 2017 година, таа даде поддршка за инвазијата на Путин на Крим и се противеше на санкциите на ЕУ како одговор на анексијата. Доколку победеше тогаш, таа ќе ги укинеше санкциите. Пред само две недели, таа изјави за француската телевизија дека Путин „би можел повторно да стане сојузник на Франција“ кога војната ќе заврши.

„Русија не оди никаде“, објасни таа за францускиот јавен сервис Франс 2. „Отсекогаш сум велела дека голема сила може да биде сојузник во голем број ситуации“. (Политико)