Пријанка Чопра и Ник Џонас добија бебе од сурогат мајка


САД– Ник Џонас и Пријанка Чопра штотуку го дочекаа своето прво бебе. Полот на бебето не се открива. 
Парот, кој се венча на раскошна церемонија во Индија во 2018 година, се огласи на Инстаграм за да ја објави веста, која ја премолчуваа од обожавателите. Нивната заедничка порака, која се појави на профилите на Џонас и Чопра на Инстаграм, гласеше: „Пресреќни сме што потврдивме дека добредојдовме бебе преку сурогат. Со почит бараме приватност во овој посебен период додека се фокусираме на нашето семејство. Ви благодариме многу многу.”
Џонас е третиот од неговите браќа кој стана татко. Кевин Џонас и неговата сопруга Даниел имаат две ќерки, додека Џо Џонас и неговата сопруга Софи Тарнер го добија своето прво дете, девојче, во 2020 година.

Чопра, ексмис на свет и боливудска актерка со холивудска кариера, неодамна се отвори дека сака да основа семејство со поп-пејачот, но не посочи дека тие двајца веќе се подготвуваат да го пречекаат бебето. Таа изјави за Vanity Fair претходно овој месец: „[Децата се] голем дел од нашата желба за иднината. По Божја милост, кога ќе се случи, ќе се случи“.
Таа додаде: „Мој приоритет отсекогаш била следната работа. Јас сум многу, многу амбициозна личност. Но, мислам дека жената во мене сака рамнотежа. Јас копнеам да можам да правам работи за душата што не ги направив затоа што само  работев“.
Џонас, исто така, беше ентузијаст за татковството во интервјуто за The Rewind на Spotify во 2018 година.
„Мислам дека тоа е вистински сон и мислам дека морав да пораснам прилично брзо“.