Пријанка Чопра-глобален амбасадор на „Булгари“ со хуманитарен дух


САД- Има неколку бренд амбасадори толку престижни како оние за скапоцен накит. Додека пристапот до исклучителни скапоцени камења е секако голема придобивка, така се и пофалбите што доаѓаат со приклучувањето кон луксузните златарници,особено со длабоко дефинирано наследство наследство, меѓу другото, од некои од најгламурозни жени во историјата.

Актерката и ексмис на свет Пријанка Чопра Џонас сигурно наскоро ќе го открие ова, бидејќи таа штотуку стана најновата глобална амбасадорка на „Булгари“, придружувајќи се на славен клуб кој веќе ги вбројува и Џулијан Мур, Зендаја и Рејчел Вајс. (А да не зборуваме за Елизабет Тејлор, која очигледно го држи првото место во Куќата на славните на накитот „Булгари“.)

Актерката, која ќе глуми во четвртиот дел од „Матрикс“ (ќе излезе во декември), нема да биде само убаво лице кое рекламира дијаманти – таа со овој ангажман ќе го донесе и својот хуманитарен дух, засилувајќи го брендот „Булгари“ со проекти што ќе се фокусираат на женската моќ, разновидност и вклученост.

Прво на агендата: Напори за помош на Ковид-19 во Индија. Чопра се здружи со непрофитната организација Give India да собере средства за здравствени структури, медицинска опрема и поддршка за вакцини во нејзината родна земја. Откако собраа 1 милион долари за помалку од две недели, тие ја зголемија целта на 3 милиони долари – Булгари објави дека исто така ќе даде донација за каузата.

„Отсекогаш сум се восхитувала и сум била фасцинирана од величествените уметнички парчиња на Булгари, од кои многумина ги слават некои од најскапоцените богатства на мојата татковина“, рече Чопра-Џонас во изјавата. „Од ретките шарени скапоцени камења што се користат во безвременските креации на накит на Булгари , со миризливите цвеќиња кои стануваат главни состојки на неговите луксузни мириси, ние се поврзуваме толку органски поради нашата љубов кон Индија и убавината што таа може да ја понуди “. (Таун енд Кантри)