Пригожин загина во авионска несреќа во Русија (ВИДЕО)

Телеграм каналот Сива зона, поврзан со Wagner PMC, тврди дека авионот бил соборен со оган од противвоздушната одбрана на Министерството за одбрана на Русија


Шефот на платеничката војска Вагнер, Евгениј Пригожин, се наоѓал во приватен авион кој се урнал северно од Москва, соопшти руската управа за цивилна авијација.

На каналот Телеграм тврдат дека авионот на водачот на руските бунтовници мистериозно паднал од небото и се урнал.Извештаите велат дека Пригожин е мртов и веројатно сите во авионот загинале при ударот.Се  претпоставува дека во моментот на ударот имало 10 лица во авионот.

 

Телата на четири лица се пронајдени на местото на несреќата, според првичните извештаи.

Авионот летал од Москва за Санкт Петерсбург. Од Министерството за вонредни состојби соопштуваат дека се работи за деловен авион Embraer ERJ-135. Телеграм каналот Сива зона, поврзан со Wagner PMC, тврди дека Embraer Legaci 600 бил „соборен со оган од противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана на Руската Федерација во областа Бологовски во Тверската област“, објави Дојче веле.

Пригожин деновиве објави фотографија од Африка каде што, според информациите, се вратил по спорот со рускиот државен врв и неговото протерување во Белорусија. Оттогаш непрекинато добиваше пораки од западни аналитичари да се чува, бидејќи се очекуваше да биде казнет за непослушноста и бидејќи со стана закана за Москва.  

 

Изминатите две години во Русија се случија серија необјасниви убиства, паѓања од прозор и слични настани со важни личности во земјата.  

 

Федералната агенција за воздушен транспорт на Русија започна истрага за падот на авионот тврдејќи дека на листата на патниците е името на Евгениј Пригожин.

„Покрената е истрага за падот на авионот Ембраер, што се случи вечерва во регионот Твер. Според списокот на патници, меѓу нив е и името и презимето на Евгениј Пригожин “, истакна одделот. „ Во авионот имало тројца пилоти и седум патници. Сите загинаа “, рече изворот на агенцијата.

Претставник на руската влада, кој сакаше да остане анонимен, изјавил за „Москва тајмс“ дека тие веруваат дека ниту фактот за несреќата ниту нејзината локација не се случајност.

„Недалеку од резиденцијата на претседателот во Валдаи има четири дивизии на S-300 PMU1 [ракетни одбранбени системи] кои го чуваат небото“, рече изворот. „На 24 јуни – марш кон Москва. И на 24 август – два проектили. Сето тоа се собира.Погледнете како паѓаше – беше соборен токму така. Авионот само падна од небото“, додаде изворот.

Независниот новинар Андреј Захаров, цитирајќи неименуван извор, рече дека Пригожин во средата се вратил во Русија од патување во Африка, каде платениците на Вагнер оперираат со години и каде Пригожин неодамна бил снимен за видео за регрутирање.

„Би било чудо ако е во друг авион“, рече изворот.

Според весникот „Фонтанка“ со седиште во Санкт Петербург, друг авион „Ембраер“ за кој се верува дека му припаѓа на Пригожин слетал на московскиот деловен аеродром „Остафиево“. Не е јасно дали Пригожин бил во него.Прес секретарот на Пригожин одби да го коментира инцидентот, објави руската новинарка Ксенија Собчак.

Во јуни, бунтот предводен од Пригожин ја втурна Русија во најсериозната безбедносна криза во последните децении. Шефот на Вагнер на крајот го напушти својот марш кон Москва, каде што се обиде да го собори военото раководство на земјата, а како дел од  договорот му беше понуден имунитет од кривично гонење. Во вторникот, Пригожин се појави на видео за регрутирање нови борци за распоредување во Африка, но точната локација каде што е снимено видеото не беше непозната.