Прифатено обвинението за „Рекет“, Јанева и Боки 13 одат на судење


Фото: Б. Грданоски

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје донесе решениe со кое  приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост. Од судот велат дека откако по одбрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет, истиот ќе биде распределен на понатамошно постапување. Со ова започнува судењето за осомничените во случајот „Рекет’, Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

Против ова решение, согласно одредбите не се дозволува право на жалба.