Причината за немирниот сон на Елон Маск


Елон Маск е познат како многу самоуверен човек. На сопственикот на „Тесла“ овие денови му оди добро, акциите на неговата компанија рушат рекорди.

Но, постои и една мала причина што сè уште може да го загрижи во контекст на иднината. Се вика „Лусид ер“ (Lucid Air).

Овој нов модел на електричен автомобил ќе биде достапен за купување на почетокот на следната година и моментално е во претпродажба. Автомобилот може да се пофали со елегантен дизајн и со 1080 коњски сили. Lucid Air е дизајниран да пружа помала отпор од моделот S на „Тесла“, што го прави енергетски поефикасен.

„Многу работевме на аеродинамичка оптимизација на автомобилот и протокот на воздух. Посебно внимание посветивме на отворите за воздух, бидејќи помалку проток низ возилото значи помал отпор“, вели Дерек Џенкинс, потпретседател на „Лусид“.

Кратката хауба на автомобилот, голема кабина комплетирана со полн стаклен покрив и дизајнот на задното стакло му даваат на автомобилот практичност и модерен изглед. Стаклениот покрив на возилото ќе овозможи голем прилив на природна светлина во внатрешноста.

„И покрај фактот дека ‘Air’ е помал, понизок и потесен модел, има повеќе простор за патници и за багаж“, вели Џенкинс, додавајќи дека внатрешноста на автомобилот е внимателно дизајнирана, има футуристички изглед. Во возилото има два екрани кои ви овозможуваат да го контролирате автомобилот со допир. Внатрешноста на автомобилот е луксузна, но исто така се користат еколошки материјали, како што се веганска кожа, рециклирано предиво, алпака волна и еукалиптус.

„Нашата иновација може да се пофали дека многу внимание посветивме на технологијата на батериите и полнењетто. Ние се стремиме да ги намалиме топлината, загубите на енергија и тежината“, вели Ерик Бах, раководител за хардвер и инженерство во компанијата, за придобивките од моделот „Air“.

Лусид веќе отвори продажни салони на клучните пазари на електрични возила, каде потенцијалните купувачи можат да го прегледаат возилото и да се регистрираат по желба. Основниот модел на едноделното возило “Lucid Air“ ќе има 480 коњски сили и ќе вреди приближно 77.400 американски долари. Туринг моделот ќе биде достапен за 87.500 американски долари. Ќе има два мотори, еден назад и еден напред, какои и погон на сите четири тркала и 170 коњски сили повеќе од основниот модел. Моделот „Grand Touring“ ќе биде достапен за 139.000 американски долари, а моделот „Dream Edition“ ќе има 1.080 коњски сили и ќе чини 169.000 долари.