Презентација на податоци за состојбата со заболените од лимфом


Фото: Б. Грданоски
Здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден” денеска во рамки на одбележувањето на септември како месец посветен на подигнување на свесноста на хематолошки малигни заболувања, ќе ги презентира податоците за состојбата со заболените од лимфом во државава и ќе информира за тоа како да се препознае болеста.

На презентацијата на податоците, како што е најавено, ќе се обратат претседателот на Здружението „Борка за секој нов ден”, Биба Додева, министерот за здравство Венко Филипче, претседателот на „Здружението на заболени од хронична миелоична леукемија”, Пепо Леви и директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска Ставридис.

Околу милион луѓе низ светот живеат со лимфом и кај околу 1.000 луѓе секојдневно се дијагностицира заболувањето. Според истражувањата, помалку од 50 отсто од луѓето знаат за болеста која е потенцијална опасност по нивниот живот, а речиси три четвртини или 75 отсто од населението не знае дека лимфомот е вид рак, информираат од Здружението „Борка за секој нов ден”.