Презентација на наоди од истражување за учењето на далечина
Наодите од истражувањето „Искуствата и ставовите на директорите на училиштата, наставниците и родителите во врска со учењето на далечина“ денеска ќе бидат претставени на презентација преку платформата Зум.
-На презентацијата на истражувањето, кое беше спроведено од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Владата на Обединетото Кралство и во соработка со истражувачкиот тим на „Реактор-истражување во акција“, предвидено е обраќање на министерката за образование и наука Мила Царовска, претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, најавија носителите на проектот.
Според организаторите, истражувањето било спроведено во две фази и споредува податоци од двете учебни години во периодот март – декември 2020 година.