Презентација на извештај за лекувањето на граѓаните во приватните и јавните здравствени установи


Во рамки на проектот „Прекршување на човековите права во областа на здравствената заштита“, денеска ќе биде презентиран документот „Извештај за лекувањето на граѓаните во приватните и јавните здравствени установи по повикот за правна помош од страна на граѓанските организации заеднички и систематизиран пристап“, подготвен од Истражувачката репортерска лабораторија, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Македонското здружение на млади правници и Клубот на млади лекари.

Документот е подготвен со финансиска поддршка од Шведската агенција за развој на меѓународна соработка-Сида овозможена преку фондацијата „Балканска мрежа за развој на граѓанското општество“, Скопје.

– Со оглед на тоа што интересот на јавноста за оваа тематика ја достигна својата кулминација по објавата на документарниот истражувачки филм „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) на 17 јули 2022 година и информациите содржани во него, чест ни е да ве поканиме на презентација на наодите кои произлегоа од последователното истражување, сумирани во Извештајот, информираат од Хелсиншки комитет за човекови права.