Презентација на истражување за менструалната сиромаштија во Македонија
По повод 28 Мај – Меѓународниот ден на менструалната правда ќе се одржи настан на кој Новинари за човекови права ќе го презентираат своето најново истражување за менструалната сиромаштија во Македонија, како и ќе го промовираат менструалниот пакет за прва менструална помош.
Настанот, како што велат организаторите, има за цел да отвори дискусија за предизвиците со кои се соочуваат девојките и жените во однос на пристапот до менструални производи, информираноста и достоинственото справување со менструалното здравје.