Превентивни здравствени прегледи на населението во Кочани


Црвен крст – Општинска организација Кочани денеска кај Градскиот пазар во Кочани спроведе превентивни здравствени прегледи наменети за населението.

На заинтересираните граѓани им беше измерено крвен притисок и шеќер во крвта при што им беа дадени совети за нивна регулација. Притоа, беа поделени и едукативни флаери за заштита од топлотен бран.

 

Прегледите ги спроведоа волонтери, студенти на медицина и медицинско лице.

Вкупно беа прегледани 180 лица.