Претствата „Тоби“ наградена на кукленото биенале во Бугојно

Театарот за деца и младинци ја започна новата театарска сеозна со награда. Во периодот помеѓу 11 до 14 септември годинава ТДМ учествуваше на куклено биенале во Бугојно, со претставата „Тоби“, во режија на Драгослав Тодоровиќ.

„Тоби“ ја доби наградата за најдобра анимација на кукли, како наградата за одлична актерска игра на целиот колектив од претставата и за нивната компатибилност и синхронизираност.

За потсетување претставата „Тоби“ на минатогодишното издание на фестивалот „7-ми меѓународен фестивал за кукларство“ во Подгорица освои пет награди и тоа, гран при за најдобра претстава, награда за најдобра режија за Драгослав Тодоровиќ, награда за актерско мајсторство за Марија Ѓорѓијовска, награда за најдобро техничко-естетско решение на кукли за Ирина Сомборац, награда за најдобра претстава од детството жири на фестивалот.
Претставата „Тоби“ ќе се игра на редовниот репертоар на ТДМ на 21 септември од 19:00 часот.