Претставување на млади кореографи на отворањето на „Танц Фест Скопје 2022“


Пред полна сала, со огромни аплузи, вчера вечер се отвори осумнаесетото издание на интернационалниот фестивал „Танц Фест Скопје 2022“ со серијата „Современи кореографски идентитет и кореографии“ на тројца млади уметници Бобан Русески, Раде Обрадовиќ и Јована Зајкова.
 
Пред моногубројната публика беа изведени кореографиите „Општетсвена критика“ на Бобан Русески, во која настапија Сара Цветковска, Адријана Данчевска и Јована Зајкова, „Пат до месецот“ со гоститие од Нови Сад, Србија, во кореографија на Раде Обрадовиќ и „Самовили и демони“ во кореографија на Јована Зајкова и Бобан Русеки, кои настапија, придружени од воклната уметница Зарина Првасевда. 
 
– Публиката со одушевување и големи аплаузи ги награди младите уметници.Во празнична атмосфера. исполнета со огнена енергија, се отвори роденденското издание на танцовиот фестивал, кој секоја година ги поместува границите кај нас и им овозможува пласман на младите уметници, информираат организаторите на „Танц Фест Скопје 2022“.