Претставници од иницијативата „Не отворам врата“ на разговор со Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, еден ден по одложувањето на пописот со законските измени во Собранието примипретставници на оние што се залагаат за бојкот. Христијан Мицкоски тоа го објави на Фејсбук.

„Денес остварив средба со претставници од иницијативата ‘Не отворам врата’ со кои разговаравме за актуелната политичка состојба во државата, но и ги запознав со деталите од постигнатиот договор за одложување на пописот.

Заеднички се согласивме дека е добро што е одложен пописот поради лошата епидемиолошка слика и разгорената ковид пандемија, која секој ден одзема по триесетина животи и заразува по 1.300 наши сограѓани.

Заеднички се согласивме околу заложбата за доследна примена на практиките и методите на Евростат при одржувањето на пописот, како и фактот дека нема да се поддржат резултати од попис кој нема да биде спроведен по методологијата и стандардите на Евростат и европските практики“, напиша Мицкоски.