Претставничкиот дом на САД гласаше за санкции против Меѓународниот кривичен суд поради Израел
Претставничкиот дом на САД синоќа гласаше за воведување санкции кон Меѓународниот кривичен суд (МКС) во знак на протест поради издавањето налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана поради кампањата на Израел во Газа.
Против беа 14, а 243 пратеници гласаа за законот со кој ќе се санкционира секој странец кој истражува, апси, приведува или гони американски државјани или граѓани на сојузнички земји, вклучително и Израел, кои не се членови на Судот.
Четириесет и пет демократи им се придружија на 198 републиканци во поддршката на законот. Ниту еден републиканец не гласаше против.
Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење во ноември за Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, како и лидерот на Хамас, Ибрахим Ал-Масри, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во конфликтот во Појасот Газа меѓу Израел и Хамас.