Претставата „Модиљани“ вечер во МКЦ
Театарската претстава „Модиљани“ во „Пик“ продукција, а во режија на Сибел Абдиу ќе биде прикажана вечерва во МКЦ, во рамки на 46. издание на Млад отворен театар (МОТ).
„МОДИЉАНИ“ е драмски спектакл, кој ги прикажува двата главни аспекти од животот на фамозниот талентиран сликар Амадео Модиљани; беспрекорната љубов со Џан и смртното ривалство со Пикасо. Заглавен во неизбежната трагична судбина, Моди успева да ги креира највпечатливите дела од неговата генерација, кои будат страшна љубомора кај големиот Пикасо.
Ова дело, како што соопштија од МКЦ, го прикажува јазолот на судбината во кој е заглавен Модиљани, а без што веројатно немало да биде толку голем уметник. Од една страна притисокот на властите поради неговата етничка припадност, од друга страна притисокот на семејството на Џан, и од трета страна притисокот на Пикасо, кои доведуваат до трагичната смрт на овој голем уметник, чиј живот сам по себе претставува уметност.