Претставата „Мајка“, нова премиера во битолскиот театар
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е подготвен за премерна изведба на пиесата „Мајка“ од Флоријан Зелер во режија на Благој Мицевски.
Според режисерот Мицевски претставата се занимава со проблемите на едно семејство за кое на специфичен начин пишува авторот Зелер.
– Флоријан Зелер во моментов е еден од најпознатите драмски автори чии претстави се играат низ цел свет, а критичарите го посочуваат како најзначаен автор. Зелер е добитник на Оскар, снима многу филмови, а со неговите претстави е актуелен регионот, пред се на сцените во Белград, Љубљана, Крањ, Софија и други градови. Режијата во претставата се базира на почит и респект кон генијално напишан текст, како и со респект кон екипата која ја подготви премиерната претстава, истакна режисерот Благој Мицевски на прес конференција во Битола.
Во претставата „Мајка“ главните улоги ги толкуваат Соња Михајлова и Петар Горко, а заедно со нив ќе настапат и Марија Стефановска и Антонио Китановски.