Претседателски избори во САД: Три клучни држави нема наскоро да објават резултати

Изборните власти во Мичиген, Висконсин и Пенсилванија соопштија дека вечерва (по локално време) нема да можат да ги соопштат изборните резултати.

Мичиген носи 16, Висконсин 10, а Пенсилванија 20, што значи дека на вкупно 46, веројатно одлучувачки, електорски гласови ќе мора да се чека некое време.

Според Си Ен Ен Доналд Трамп има 132, а Џо Бајден 205 електорски гласови. Според АП, Трамп – 137, Бајден – 209. Според Фокс Трамп – 204, а Бајден – 227 електорски гласови.

Вкупно има 538 електроски гласови, а за место во Белата куќа потребни се 270.