Претседателот Пендаровски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН


Фото: Б. Грданоски

Претседателот Стево Пендаровски, кој ја предводи македонската државна делегација на 78. Генерално собрание на Обединетите нации денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност на отворената дебата на тема: „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на мирот и безбедноста на Украина“.

На седницата, како што соопштија од претседателскиот клабинет, е најавено учество и на претседателот на САД, Џо Бајден и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Доцна вечерва по македонско време претседателот Пендаровски ќе присуствува на приемот по повод одбележувањето на 30–годишнината од основањето на Чешката и Словачката Република и 30-годишнината од членството на двете држави во Обединетите Нации, што ќе го приредат претседателите Петр Павел и Зузана Чапутова, се додава во соопштението.