Претседателот на Сампдорија, за Гатузо: Не ми треба тренер кој треба да го убедувам


Сопственикот на италијанскиот фудбалски прволигаш Сампдорија, Масимо Фереро, продолжува да го бара наследникот на Еузебио Ди Франческо на тренерската позиција.

Клубот од Џенова имаше обид да го ангажира Џенаро Гатузо, но ништо од соработката.

-Не ми треба тренер кого треба да го убедувам. Барам личност која ќе има желба и ентузијазам да ја тренира Сампдорија, рече Фереро.

Сампдорија по седум кола во Серија А е на последното (20. место) со само една победа и шест порази.