Претседателот на грузискиот парламент поднесе оставка


 

Претседателот на парламентот на Грузија Иракил Кобакидзе денеска поднесе оставка, ден по насилните протести околу зградата на парламентот.

Ова го соопшти генералниот секретар на вкладејачката партија Грузиски сон, Каха Каладзе, пренесе Ројтерс.

повеќе од 200 луѓе беа повредени во синоќешните протести во Тбилиси, кога полицијата употреби солзавец и гумени куршуми, соопшти министерот за здравство Заза Бокуа и додаде дека половината од повредените сѐ уште се во болница.

Неговото соопштение е издадено набрзо откако претседателката Самола Зурабишвили рече дека ќе ја прекине посетата на Белорусија и дека ќе се врати во Тбилиси поради кризата која изби поради доаѓањето на рускиот пратеник во грузискиот парламент, пренесе АП:

Маса луѓе испровоцирани од посетата на рускиот пратеник сионќа се обиода да влезат во парламентот на Грузија во Тбилиси, пробивајќи го кордонот на полицијата и фрлајќи шишиња, на што полицијата одговори со солзавец.

Нередите избија одненадеж, по говорот на пратеникто на Долниот дом на рускиот парламент.

Руското влијание во грузија останува осетливо политичко прашање, наведува Ројтерс и потсетува дека оваа земја, сојузник на САД, водеше и ја изгуби краткотрајната војона со Москва во 2008 година.

Русија и Грузија од тогаш немаат дипломатски односи, а Москва ја признава независноста на двата отцепени региони, Јужна Осетија и Абхазија, каде сега се стационирани руски трупи, потсетува Ројтерс.