Претседателот на ЕП, Сасоли во самоизолација


Белгија – Претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, денеска соопшти дека е во самоизолација во неговиот дом во Брисел, како мерка претпазливост, бидејќи патувал во Италија.

„Парламентот ќе продолжи со извршување на своите должности. Ниту еден вирус не може да ја блокира демократијата“, наведе Сасоли, кој е од Италија.

Европскиот парламент вчера одлучи да ја скрати месечната седница поради загриженост дека стотици пратеници што седат едни до други може да предизвикаат ширење на вирусот, изјави неименуван официјален претставник.