Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за Брегзит


Претседателот на британскиот Долен дом,  Џон Беркоу, денеска го отфрли владиното барање пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за Брегзит што го постигна премиерот Борис Џонсон со ЕУ.

Беркоу рече дека гласањето што владата го бара ќе биде „суштинско исто“ како и оноа што се одржа во саботата, па на тој начин би биле прекршени парламентарните правила.

Британскиот парламент во саботата усвои амандман со кој се спречува ратификувањето на договорот за Брегзит пред да се усвојат законите потребни за негово спроведување.

Владата планира денеска да го достави клучниот предлог-закон за Брегзит, а првиот круг дебати и гласање ќе се одржи утре.

Џонсон се надева дека законот ќе биде усвоен во парламентот пред 31 октомври, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.