Претседателката Фон дер Лејн ќе живее во Европската Комисија


Белгија– Новоименуваната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејн, ќе живее во 25 квадратни метри во зградата на Комисијата, потврдија нејзините портпароли.

Информацијата кружеше веќе неколку недели низ европските институции, но сега е и официјално потврдена од тимот на новоименуваната шефица на Европската Комисија – таа нема да изнајмува стан за време на нејзиниот мандат и ќе живее на тринаесеттиот кат од зградата, во 25 квадратни метри, до нејзината канцеларија.

-Со оглед на тоа дека се зголемени мерките за безбедност во ЕУ институциите, ова значи дека нема да бидат потребни дополнителни мерки во одвоена резиденција, а и ќе заштеди на секојдневното возење во гужвите низ градот, велат од нејзините портпаролски служби за медиумите.

Фон дер Лејн планира секој викенд да се враќа во Хановер каде живее нејзиниот сопруг со седумте деца.