Претседателите на Уставниот суд, на Врховниот суд и на Судскиот совет во посета на Грција


Фото: Б. Грданоски

 Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, престојува во дводневна работна посета на Атина, со цел средби со претставници на највисоките судски институции во Република Грција.

Костадиновски е во придружба на претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски и претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани. Според агендата, ќе остварат средби со претседателите и претставници на Врховниот суд , Државниот совет и Ревизорскиот суд на Република Грција, соопшти Уставниот суд.

Посетата е во насока на продолжување на дијалогот, унапредување на меѓуинституционалната соработка и размена на искуства и информации од областа на владеењето на правото, со крајна цел зајакнување на правната сигурност.

Посетата се реализира во периодот од 1-3 април на покана на Сотирос Георгијадис, судија во Апелациониот суд во Атина, и времено упатен во Специјалната правна служба при Министерството за правда на Република Грција.