Претседателите на Словачка и Италија ќе го „сопрат“ сообраќајот во Скопје


Претседателката на Словачка Зузана Чапутова

 

Двајца претседатели на држави од утре до петок ќе бидат во посета на Македонија.  Во вторник и среда ќе престојува претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, а во четврток и петок, претседателот на Италија, Серџо Матарела.

МВР соопштува дека ќе има посебен режим на сообраќајот, но нема други информации за овие две посети на највисоко ниво. Ниту од кабиентот на нивниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски.