Претседател и прва дама: Каков е бракот на Доналд и Меланија Трамп?


Американскиот претседател Доналд Трамп е познат по својот бучен настап. Првата дама Меланија, пак, е во позадина. Тоа не значи дека таа нема што да каже

 

Американскиот претседател Доналд Трамп е среде кампања и за таа цел го искористи и роденденот на првата дама Меланија. Според имејл-пораката од неговиот предизборен тим, испратена на многу адреси, Трамп сакал со честитка на која ќе има еден милион потписи „да ја изненади“ својата сопруга, иако ваквото барање некако не е многу во согласност со момент на изненадување. За потписите од поддржувачите се бараа лични податоци како нивните телефонски броеви. Какви други подароци имал Трамп за тркалезниот роденден на својата сопруга не беше познато.

Меланија Трамп вчера наполни 50 години. Возраста на поранешниот модел не се познава (…) Додека нејзиниот сопруг со својот неконвенционален и честопати груб политички стил е присутен во светските медиуми како ретко кој американски претседател пред него, Меланија Трамп се држи прилично во позадина. Таа како прва дама е многу помалку присутна во јавноста од нејзината претходничка Мишел Обама. Во меѓувреме, Меланија Трамп рака на срце почесто настапува во јавноста, но притоа не дава многу детали за себе. Таа во голем дел остана загатка. Интервјуата со неа се реткост.

Südkorea Präsident Donald Trump bei seiner Ankunft in Seoul (picture-alliance/AP Photo/Lee Jin-man)Во позадина на својот сопруг: Доналд и Меланија Трамп

Меланија Трамп оди на термини кои се задолжителни, на пример божиќното декорирање на Белата куќа. Но, става акценти и надвор од тие рамки и притоа понекогаш тоа изгледа како да контрира на она за што Доналд Трамп се залага.

Проект кој и’ лежи на срце на првата дама е „Be Best“-иницијативата, формирана на нејзино залагање, во рамките на која се грижи за доброто на децата. Притоа се ангажира и против сајбер-мобинг, значи против мобинг на социјалните медиуми. Минатиот месец при настап во Вирџинија таа повторно предупреди од „неодговорно онлајн-однесување“. Тоа е насочено кон децата и младите, но сепак е впечатливо, со оглед на тоа што критичарите му префрлаат на Доналд Трамп дека е најголема сајбер-мобинг личност на нашето време. Неговото најголемо оружје е Твитер, каде го следат 77 милиони луѓе. Кој е во немилост, во твитовите на Претседателот бил нарекуван и „предавник“, „идиот“ или „куче“, а паѓаат и придавки како „глупав“, „слаб“ или „беден“.

USA Washington Melania Trump stellt Kampagne Be Best vor (Getty Images/W. McNamee)„Be Best“-иницијативата и‘ лежи на срце на првата дама

Познато е дека Меланија Трамп се спротивстави на политиката на „нула толеранција“ на нејзиниот сопруг кон илегалното доселување, која доведе до разделување на децата од нивните родители на границата со Мексико. Во летото 2018 година дојде до драматични сцени во САД, кога мали деца беа затворани само во собирни центри. Првата дама отпатува на границата за да се запознае на лице место со состојбата. За телевизискиот канал Еј-Би-Си, Меланија Трамп во текот на патување по Африка есента 2018 година, во едно од ретките интервјуа, рече: „Беше срцепарателно. Реагирав лично.“ Репортерот укажува дека до таква ситуација довела политиката на нејзиниот сопруг и прашува: „Дали со тоа не се согласувате?“ Одговорот гласи: „Да, му го дадов тоа до знаење.(…) Му кажав дома и му кажав дека сметам оти тоа е неприфатливо.“ Трамп и’ стави крај на контроверзната пракса.

Меланија зад кулисите има значително влијание врз Претседателот – до ваков заклучок доаѓа и новинарката на Си-Ен-Ен, Кејт Бенет. Таа на крајот на минатата година објави неавторизирана биографија на првата дама „Слободна, Меланија“. „Таа е единствената која може отворено да му каже што мисли“, напиша Бенет. „Таа е единствената која може да му даде совет и мислење кое не е во согласност со неговото и тоа и го прави.“ Сето тоа таа може да го прави без притоа да мора да стравува од познатите Трампови навреди на Твитер. „Таа, во основа, е недопирлива.“

И, тука е и прашањето кое постојано се врти во Америка: каков е всушност бракот на првата дама и претседателот? На товар на Доналд Трамп во минатото постојано се ставаа афери кои тој ги демантираше. Светот го обиколија снимки на кои Доналд Трамп се обидува да ја фати Меланија за рака, а таа се чини тоа не му го дозволува. (…) Бенет во својата биографија дава потврда на шпекулација која долго кружеше во Вашингтон – дека Меланија и Доналд Трамп имаат одвоени спални соби во Белата куќа. Сепак, авторката не буди впечаток како бракот да се одржува само формално. Бенет напиша дека Доналд Трамп ништо не сака повеќе од согласност на Меланија и дека верува во неа. Во интервју за Еј-Би-Си, Меланија Трамп беше прашана: „Споменавте дека се’ уште имате добар брак. Го сакате ли Вашиот сопруг?“ Дипломатскиот одговор на првата дама гласеше: „Да, добро ни оди.“(Дојче веле)