Умерено облачно време, по котлините магла, преку ноќта дожд


Фото: Б. Грданоски

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе има појава на магла по одделни котлини. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон среда ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност, претпладне со услови за магла. До крајот на денот значително облачно. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 12 степени.

Утре  повторно ќе биде облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер. Потоа, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.