Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а  попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.

Минималната температура ќе се движи меѓу 12 и 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе достигне девет.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 35 степени.

Во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање.