Претпладне сончево, а попладне нестабилно со дожд и грмежи


Фото: Б. Грданоски

Времето претпладне сончево со умерена променлива облачност, а попладне и особено во планинските региони ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Долж пошироко повардарието ветерот краткотрајно ќе засилува. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната температура од 18 до 30 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена променлива облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе  достигне до 15 степени, а дневната температура до 29 степени.

 

2020-06-20 16:36:37, од Весна Јаневска