Претепан сопственикот на „Буревесник“, Зоран Божиновски


Синоќа пред неговата куќа во Битола, бил претепан новинарот Зоран Божиновски, пренесува порталот „Плусинфо“. 

Имено, тој бил однесен во битолската болница, а информацијата за „Плусинфо“, ја потврдила сопругата на Божиновски која била со него за време на нападот. Новинарот бил претепан од две маскирани лица, кои му го скршиле носот, а има и други повреди на главата.

Настанот бил пријавен во полиција, па од таму се чекаат и официјални информации.

Инаку, Божиновски е сопственик на „Буревесник“.