Пресврт во случајот со Американката која беше врзана за дрво во џунгла: Го обвини сопругот, но сето тоа беше лага


Американката Лалита Каји (50), која беше пронајдена врзана за дрво како вреска во шума во западната индиска држава Махараштра, сама се врзала, соопшти локалната полиција.

Лалита Каји беше спасена пред десет дена од густите шуми во областа Синдхудург, откако нејзините повици за помош ги слушнал овчар. Во полиција изјавила дека сопругот „ја врзал со синџири и ја оставил во шумата да умре без храна и вода“.

Каји била префрлена во психијатриска установа откако била пронајдена во шумата и сѐ уште не проговорила јавно. Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Индија сѐ уште не го коментираше случајот.

Саураб Агарвал, началникот на полицијата во Синдхудург, во вторникот за Би-би-си изјави дека Каји подоцна изјавила дека не е мажена и веројатно страдала од халуцинации кога ја дала својата прва изјава.

Полицијата вели дека жената признала дека била вознемирена бидејќи визата ѝ била истечена и дека немала пари. Наводно, затоа купила синџири и катанец и се врзала за дрво.

„Таа јаде, оди, а исто така и вежба. Таа е на третман, а ние и даваме некои хранливи материи што му недостигаа на телото“, рече за состојбата на Лалита Каји, началникот на психијатриската болница Лалита Каји, д-р Сангамитра Фуле.

Фуле исто така рече дека пациентката е во контакт со нејзиното семејство во САД.

Овчар кој ги извадил своите крави на пасење на 27 јули ја нашол Каји во шумата. Тој дошол кај неа откако слушнал силни женски врисоци. Кога се приближил, видел дека едната нога ѝ е врзана за дрво.

„Вискаше како животно. Веднаш повикав други селани и полиција“, рекол овчарот.

Полицијата со пила го пресекла синџирот и ја спасила. Жената прво била префрлена во општа болница, а подоцна во психијатриска установа.

Полицијата соопшти дека го пронашла пасошот на Каји, во кој пишувало дека таа е од американската сојузна држава Масачусетс и дека живее во државата Тамил Наду во јужна Индија. Со себе имала и мобилен телефон, таблет и 31 илјада рупии или околу 338 евра.

Каји на почетокот не можела да разговара со полицајците кои ја ослободиле од окови, па користела тетратка за да им пренесе пораки. Американката во полиција изјавила дека е мажена за маж од Тамил Наду и дека тој ја врзал за дрво. Рекла и дека 40 дена ниту јадела ниту пиела. Полицијата се сомневала во нејзините тврдења бидејќи тешко дека некој би можел да преживее толку денови без храна и вода.