Пресврт: Ја стопираа продажбата на дизелашите во Европа до 2021 година


 

Јапонската автомобилска компанија „Хонда“ објави дека до 2021 година ќе престане да ги продава сите свои дизел-возила во Европа во корист на моделите на електричен погон.

„Хонда“ се одлучи на таков потег затоа што сака да ги електрифицира сите автомобили на Стариот континент до 2025 година, пренесе Ројтерс.

До следната година, според целите на ЕУ за намалување на емисиите на штетни гасови, производителите на автомобили треба да ја ограничат емисијата на јаглерод диоксид на 95 грама по километар во однос на сегашниот просек од 120,5 грама.

„Хонда“ е уште една во низата автомобилски компании кои го намалуваат производството на дизелаши во согласност со строгите правила на глобално ниво за емисиите на штетни гасови. Најновиот план е дел од долгорочната цел на компаниите електричните автомобили да бидат една третина од вкупната глобална продажба до 2030 година.