Пресудија неискористените шанси и неискуството – Македонија загуби од Австрија со 1:3


Македонската репрезентација не успеа да го сочува поволниот резултат од првото полувреме кога беше 1:1 и на крајот доживеа пораз од 1:3 од Австрија на својот прв настап на европските фудбалски првенства.

Пресудни беа последните десетина минути, кога Австријците постигнаа два погодоци, иако и Македонија имаше свои шанси, кои не ги искористи.

Австријците поведоа преку Стефан Лајнер во 18. минута, а капитенот Горан Пандев изедначи десет минути подоцна.

Во второто полувреме, Австријците имаа посед на топката, но без позначајни шанси. Македонија имаше извонредна прилика да постигне гол кога Николов шутираше, а на одбиената топка Пандев се обиде со лоб-удар, но топката отиде преку голот. 

Во 78. минута, Австријците постигнаа гол за 2:1, а во самиот финиш на натпреварот, во 89. минута, Арнаутовиќ ги постави конечните 3:1 за Австрија.