Пресудата за „Рекет” во големата сала на Врховен суд


Пресудата за случајот „Рекет”, ќе биде објавена во големата на Врховниот суд на Република Северна Македонија, инфомираат од Кривечен суд Скопје, од каде додаваат дека оваа одлука е донесена по барање на новинари.

На утрешното последно рочиште за „Рекет”, се очекува да присуствуваат голем број медиумски екипи. Првпат во историјата на државата ќе биде објавена пресуда против обвинител, односно против поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева.

Утре, на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, а осуден е Зоран Милески – Кичеец.

Пресудата ќе ја изрече судијката Васка Николовска-Масевска заедно со судечкиот совет.

Јовановски се товари за перење пари и примање награда за противзаконско влијание, додека Јанева се гони за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според обвинението, Јовановски и Милески зеле милион и пол евра од Камчев за да му ја олеснат положбата во случајот „Империја“, додека Јанева зела 50 илјади евра и гарнитура вредна пет илјади евра.