Пресуда во Германија: Поранешен сириски разузнавач осуден на доживотен затвор


Активисти за правда прд судот во Кобленц (Фото: АФП)

Германски суд осуди сириски поранешен разузнавач во безбедносните служби на Башар ал Асад на доживотен затвор, објави телевизијата НТВ.

Обвинителите го обвинија Анвар Раслан за 58 убиства во затвор во Дамаск, каде што велат дека најмалку 4.000 опозициски активисти биле мачени во 2011 и 2012 година.

Ова е втора осудителна пресуда донесена од повисокиот регионален суд во западниот град Кобленц за злосторства против човештвото во сириската граѓанска војна. (Ројтерс)