Престижна награда за Заев и Ципрас за решавање на спорот околу името


Поранешните премиери на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас се одликувани со престижната Мировна награда на Вестфалија за оваа година, јави Дојче веле. Наградата е доделена заради нивната дипломатска умешност во спорот околу името Македонија.

Како што јавува  Дојче веле во образложението на меѓународното жири се нагласува дека двајцата одликувани постигнаа спогодба во деценискиот спор околу името „Македонија“ со „врвна дипломатска вештина“. Без поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев и екс-грчкиот премиер Алексис Ципрас, „спорот околу името уште долго немаше да има крај и кавгата меѓу соседите и натаму ќе го дестабилизираше целиот балкански регион’, изјави вчера претседателот на Економското здружение на Вестфалија и Липе, Рајнхард Цинкан.